Листа на дилери
во Македонија
Контактирајте нé
Новости
Новости
Дилери
Контакт

НОВОСТИ 
  Dacia SANDERO!




Големиот успех на Logan ги натера челниците на Романската компанија да размислуваат за нов модел, со кој ќе треба да ја прошират понудата. После Logan, Logan MCV, Dacia со Sandero, дводелната берлина со 5 врати и големите димензии, продолжува со ширењето на својата гама.

Sandero кој се произведува во фабриката во Питешти во Романија има основни квалитети на возило од Dacia гамата: просторност, голем багажен простор и робустност. Dacia Sandero во потполност ќе почне со продажба во Европа од јуни 2008 год. Како и останатите возила од Dacia гамата, Sandero во повеќето европски држави ќе понуди незаменлив однос цена и опрема со гаранција од 3 години или 100.000 км.

Со лансирањето на моделот Dacia Sandero, 2008 година претставува стратешка пресвртница во развојот на марката. Новиот логотип на марката Dacia кој е откриен на саемот за автомобили во Женева изразува, како и самиот автомобил, модерен изглед, едноставност и робустност. Задржана е сината боја која ја симболизира марката, но доби нова, издржлива и по племенита нијанса.


Dacia Sandero се потврдува како одлична берлина со привлечни линии кои ја истакнуваат динамичноста, но и цврстината. Предниот дел од возилото се истакнува со многу специфични и модерни светла, кои се во склад со целосниот преден браник и маска која совршено е вклопена во каросеријата. Дизајнот на страничниот дел од каросеријата уште повеќе ја истакнува нејзината робустност, а линијата на задниот дел од возилото дополнително го истакнува впечатокот на просторност и цврстина.



Во внатрешноста владее складност и воочлив квалитет. Развиена е нова, модерна и функционална арматурна плоча. Зад управувачот, посебно внимание е посветено на ергономските обликувани команди и читливост на информациите на контролната табла.



Dacia Sandero ќе се темели на платформата на Logan, што значи дека и предната и задната оска ќе бидат во Макферсон изведба, што е малку застарено решение, но е евтино и овозможува добар баланс меѓу динамиката на возењето и комфорот во внатрешноста.



Исто како и другите модели од Dacia гамата, Сandero има извонредна оддалеченост од подлогата (155 мм) , која му обезбедуваат возење на секакви типови на патишта, а исто така има и заштита на подвозјето  за да може да се вози без никаков ризик и на неасфалтирани патишта.



Должината ќе биде 4002 mm, но од Dacia велат дека овој автомобил ќе биде простран како автомобилите од компактната класа. Меѓуоскиното растојание ќе биде рекорднo за оваа класа 2755 mm.

Моторизацијата ќе биде целосно позајмена од поголемиот брат Logan, а ќе се нуди само во петвратна изведба како хечбек. Се очекува дека ова ќе биде првата Dacia со четири ѕвездички на краш тестот на EuroNcap.

Сите мотори ќе ги задоволуваат Euro 4 нормите за издувни гасови, а за источните пазари, каде спаѓаме и ние, ќе бидат посебно подготвени за слабиот квалитет на горивата!


Како права референца кога се во прашање дизел моторите, моторот 1.5dCi, признат е како еден од најделотворните дизелски мотори на светот. Збор е за агрегат од светска технологија која е опремена со систем на директно common rail  вбризгување,  втора  генерација која обезбедува високи перформанси во склад со многу ниската потрошувачка.




Dacia Sandero  постепено ќе се продава во Европа, Турција  и пошироко на Балканот. Кај нас овој модел се очекува да почне со продажба кон крајот на оваа 2008-ма година....