Листа на дилери
во Македонија
Контактирајте нé
Концепт на возилото
Logan Steppe концепт
Надворешност
Внатрешност
Дилери
Контакт

Внатрешност 

Со комбинирање на светлата кожа и модерните ткаенини, внатрешноста на концептот Logan Steppe остава впечаток на топлина и удобност. Пет седишта по примерот на седиштата во сериските возила, на патниците ќе им овозможат удобност и возење достојно на една берлина. Патниците на задните седишта ќе уживаат во удобната атмосфера слушајќи ја омилената музика од Mp3 читачот, или гледајќи филмови на двата видео екрани кои се вградени во наслоните за глава напред. На полицата можете да ставите разни предмети, додека прилагодливата делива задна клупа 1/3 2/3 ви овозможува разни варијанти на товарање.

Средишниот дел го карактеризира модерниот дизајн, како и материјалите користени на надворешниот дел од возилото. Централната конзола ги поврзува предниот и задниот дел на возилото. Во нејзиниот долен дел се наоѓаат командите на електричната паркирна сопирачка, а во средишниот дел рачката од менувачот. Сите команди (копчето за клима уредот, отворите за воздух, бравите на вратите, рачката од менувачот) се многу функционални. Зад четворократниот управувач со компактна воздушна перница се истакнуваат инструментите осветлени со диоди. На инструменталната табла видливи се сказалките кои како да лебдат во бестежински простор. Во концептот Logan Steppe ќе доживеете слобода и во најмалиот негов дел...