Со висина од 1,78 м заедно со кровните носачи, концептот Logan Steppe ги најавува своите пропорционални димензии. Страничните заштитни лајсни се во склад со робусниот дизајн на предниот дел на возилото. Металик бравите на вратите и страничните покажувачи на правецот на движење се вградени во надворешните ретровизори кои и даваат префинет дух, додека страничните стакла ја нагласуваат динамичноста. Посебно кровниот носач, кој е наменет за превоз на спортска опрема изработен е од истите материјали како и одбојниците и бравите на вратите.
Задниот дел од концептот Logan Steppe веќе ја наговестува извонредната просторност. Пристапот до багажникот е олеснет благодарејќи на електричната брава која е осетлива на допир, едноставно ќе ја отворите симетричната врата над нискиот праг на багажникот. Поголема осветленост на патничкиот простор овозможуваат и стаклата со големи димензии (вкупно 3,3 м2). Проѕирните задни светла вградени се во одбојникот. Освен прилагодливиот багажен простор со волумен од 1,7 м3, секој дел од концептот Logan Steppe, чија должина изнесува 4,47 м, максимално е искористен и функционален.