Модерната, робусната и компактна линија го открива карактерот на Dacia Logan и ве повикува на далечно патување, онолку далеку колку што вие посакувате.
Во внатрешноста Dacia Logan има едноставен и добро разработен дизајн. Арматурната плоча ги содржи сите инструменти вклучувајќи го и мерачот на вртежите на моторот како и патниот компјутер*.
Возачката положба е идеална, а командите се лесно достапни. Во опција се понудени радио CD* и клима уред* кои складно се вклопуваат во средишната конзола и дополнително го подобруваат уживањето во возењето.
*во зависност од верзијата
*Удобност
Пространост
Dacia Logan нуди извонредна удобност. Особено пространата кабина на патниците им дава посебно внимание: напред се сместуваат две, а назад три високи возрасни лица кои ќе патуваат удобно.
Dacia Logan во кабината има и бројни прегради како и извонредно голем багажен простор со зафатнина од 510 литри. Така со Logan можете да понесете се што ви треба.
Уживање во возејето
Робусната шасија на Logan, наследена од знаењето и умеењето на Renault Grоupe обезбедува многу добро лежење на патот и извонреден квалитет на ослонувањето на сите врсти подлоги.
Бензинските мотори со multipoint технологијата, 1.4 и 1.6 во Dacia Logan своите динамички квалитети и безбедност веќе ги докажаа во Renault возилата. Моторот 1.6 16v во нивото на опременост Prestige му дава на Logan досега невидени перформанси.
Турбо дизел 1,5dCi моторот со Common Reil технологија ја надополнува гамата на мотори на Dacia Logan соединувајќи ја модерната линија, перформансите и мирната работа.
Затоа Dacia Logan е удобно возило за секоја прилика.
*Релаксираност
Безбедност
Dacia Logan на едно место ги соединува сите елементи потребни за патувањето да ви биде удобно... Удобно и потполно релаксирано бидејќи возилото во целост одговара на барањето на европските норми за безбедност.
Dacia Logan во понудата на целата гама има воздушно перниче за возачот и совозачот** и ABS со електронски разделувач на силата на сопирање EBV**. Наскоро во опција ќе бидат достапни и страничните воздушни перници во повисоките нивоа на опременост.