Листа на дилери
во Македонија
Контактирајте нé
Дилери
Контакт

БРЕНДОТ DACIA 

Со купувањето на брендот Dacia групата Renault го прошири своето портфолио.

Dacia, романската марка на автомобили, денес во сопственост на Renault е основана во 1966 година во местото Питешти под името Uzinei de Autoturisme Pitesti. Во 1968 година потпишан е првиот договор со Renault за производство на моделот Dacia 1100 по моделот Renault 8, а во 1969 година почнува производството на моделот Dacia 1300 по моделот Renault 12. Се до 1995 година Dacia ги произведува моделите по лиценца на Renault, а истата година од производните ленти излегува и моделот Dacia Nova или првиот самостојно развиен автомобил од марката Dacia. Во 1999 година Dacia станува член од групата Renault, а следната година се појавува моделот Dacia Super Nova, прв заеднички развоен модел на Renault и Dacia. Во 2003 година почнува да се произведува моделот Solenza, а во 2004 година Dacia Logan, со кој денес Dacia амбициозно настапува на светскиот пазар.